Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направено е 841 тестирање, а има 135 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 81
- Тетово 15
- Куманово 13
- Прилеп 8
- Кавадарци 7
- Македонски Брод 3
- Штип 2
- Битола, Кочани, Кичево, Гевгелија, Неготино и Берово по 1
Пријавени се вкупно 35 починати лица: 14 од Скопје (46г, 46г , 54г, 56г, 69г, 70г ,77г, 79г, 79г, 81г, 87г, 87г, 87г, 89г), по 3 починати лица од Битола (72г, 74г и 84г) и Куманово (62г, 64г и 68г), по 2 лица од Прилеп (61г и 62г), Струмица (70г и 76г), Штип (58г, 72г) и Виница (68г и 70г), по едно лице од Велес (67г), Охрид(83г), Струга (75г), Гостивар (71г), Кочани (77г), Кичево (70г) и Неготино (69г). Од починатите пациенти, 3 лица се починати во домашни услови, а останатите 32 лица во болнички услови.
Регистрирани се 900 оздравени пациенти од:
- Скопје 363
- Битола 62
- Куманово 54
- Прилеп 51
- Велес 46
- Охрид 44
- Кавадарци 40
- Струга 32
- Кочани и Гостивар по 23
- Струмица 22
- Тетово 16
- Штип 14
- Кичево и Гевгелија по 12
- Пробиштип 11
- Берово 9
- Неготино, Свети Николе и Крива Паланка по 7
- Ресен, Радовиш и Богданци по 6
- Делчево 5
- Македонски Брод, Виница, Кратово и Македонска Каменица по 4
- Валандово 3
- Пехчево 2
- Крушево 1
Досега во земјата се направени вкупно 692.096 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, бројката на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а бројот на активни случаи изнесува 19.041.