Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.726 тестирања, а има 112 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 82
- Кавадарци – 8
- Куманово – 6
- Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по 2
- Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 7 од Скопје (78г, 78г, 76г, 76г, 72г, 67г и 66г) и по едно од Куманово (66г), Струмица (72г), Штип (62г), Дебар (37г) и Велес (84г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште едно лице, со датум на смрт 25.09.2021 година. Починатото лице е од Крива Паланка, на возраст од 77 години, починато во домашни услови.
Регистрирани сe 419 оздравени пациенти од:
- Скопје – 175
- Куманово – 46
- Струмица – 27
- Кавадарци – 23
- Штип – 20
- Тетово – 18
- Битола – 12
- Дебар – 10
- Валандово – 9
- Свети Николе – 8
- Гостивар и Пробиштип – по 7
- Велес и Кочани – по 6
- Прилеп, Крива Паланка, Кичево, Ресен, Гевгелија и Берово – по 4
- Неготино, Радовиш, Кратово, Крушево и Пехчево – по 3
- Македонска Каменица и Македонски Брод – по 2
- Охрид и Виница – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.999 бројката на оздравени пациенти е 171.375, на починати е 6.607, а бројот на активни случаи изнесува 12.017