Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.902 тестирања, а има 108 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 45
- Куманово 18
- Дебар 1
- Штип 11
- Прилеп 3
- Тетово 2
- Струга 4
- Велес 4
- Гостивар 9
- Струмица 2
- Виница 2
- Делчево 4
- Свети Николе 3

Починати се двајца пациенти од Куманово (64г и 72г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од:
- Скопје 32
- Дебар 1
- Штип 20
- Прилеп 4
- Тетово 4
- Велес 3
- Битола 5
- Гостивар 11
- Кочани 2
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 8
- Свети Николе 9
- Кичево 12
Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13076, бројката на оздравени пациенти е 9625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2900.