Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.668 тестирања, а има 107 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 83
- Прилеп – 6
- Куманово и Кавадарци – по 4
- Битола – 3
- Неготино – 2
- Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 19 починати лица: 12 од Скопје (86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г, 65г, 63г, 57г, 48г и 39г), 2 од Куманово (71г и 42г) и по едно од Богданци (70г), Велес (73г), Гевгелија (69г), Кичево (69г) и Македонска Каменица (87г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се двајца од Скопје, и по едно лице од Тетово, Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од нив, 3 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од:
- Скопје – 101
- Штип – 21
- Куманово – 19
- Велес – 16
- Кратово – 11
- Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 9
- Тетово – 8
- Кавадарци и Валандово – по 7
- Струмица, Свети Николе и Виница – по 4
- Кичево и Гевгелија – по 3
- Битола, Радовиш, Ресен, Крушево и Демир Хисар – по 2
- Неготино и Гостивар – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197 бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.