Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.529 тестирања, а има 10 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје, Куманово и Прилеп по 2
- Гостивар, Крива Паланка, Кратово и Охрид по 1

Не се регистрирани нови починати лица, а има 18 оздравени пациенти од:
- Скопје – 11
- Прилеп и Радовиш по 2
- Куманово, Битола и Кичево по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројката на оздравени пациенти е 149.708, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 413.