Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.960 тестирања, а има 10 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Тетово – 4
- Скопје – 5
- Битола – 1
Има еден починат пациент од Струмица (64г).
Регистрирани се 5 оздравени пациенти од:
- Скопје – 3
- Крива Паланка и Берово по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160.