Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.825 тестирања, а има 10 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 5
- Прилеп и Виница по 2
- Куманово – 1
Пријавени се вкупно 7 починати лица: по едно лице од Куманово (69г), Прилеп (78г), Тетово (77г), Гостивар (77г), Кочани (80г), Штип (69г) и Струмица (52г).
Регистрирани се 332 оздравени пациенти од:
- Скопје – 101
- Куманово – 45
- Битола – 23
- Прилеп и Струмица по 19
- Тетово – 16
- Охрид – 15
- Кичево – 12
- Струга – 10
- Виница – 9
- Радовиш – 8
- Гостивар – 7
- Штип, Ресен и Делчево по 6
- Велес и Свети Николе по 5
- Кавадарци, Неготино и Гевгелија по 4
- Крушево – 3
- Богданци – 2
- Кочани, Крива Паланка и Демир Хисар по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.