Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 7.724 тестирања, а има 1.964 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 1070
- Битола – 226
- Прилеп – 122
- Куманово – 52
- Охрид – 51
- Валандово – 44
- Радовиш – 35
- Велес – 32
- Гевгелија – 31
- Кавадарци – 29
- Тетово и Кочани по – 22
- Гостивар и Крушево по – 21
- Струга и Струмица по – 20
- Кичево и Крива Паланка по – 17
- Ресен и Богданци по – 13
- Штип, Неготино и Делчево по – 12
- Свети Николе – 10
- Кратово – 9
- Демир Хисар – 8
- Берово, Пробиштип, Македонски Брод и Пехчево по – 4
- Дебар, Виница и Македонска Каменица по - 2, Демир Капија – 1
Поради технички проблем во системот Мој Термин во текот на денешниот ден не беа евидентирани оздравени лица. Оздравените лица од денешниот ден ќе бидат прикажани во утрешната информација.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 2 од Скопје (82г и 87г), 2 од Прилеп (74г и 86г) и по едно од Ресен (67г), Струга (71г) и Крива Паланка (39г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 лица, 2 починати лица од Гевгелија (66г и 78г) и по едно починато лице од Скопје (71г), Битола (78г), Делчево (70г) и Кавадарци (76г), починати во период од 30.12.2021-08.01.2022г. Починатите се на возраст од 66 години до 78 години. Од пријавените 3 лица се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 236.241, бројот на оздравени пациенти е 215.853, на починати е 8.055, а бројот на активни случаи изнесува 12.333.