Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 7.219 тестирања, а има 1.913 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 888
- Битола – 148
- Кавадарци – 111
- Куманово – 83
- Велес – 72
- Охрид – 59
- Тетово – 58
- Прилеп – 51
- Штип – 50
- Струмица – 44
- Гевгелија – 38
- Кичево- 34
- Гостивар и Неготино – по 31
- Струга - 30
- Делчево – 26
- Кочани – 24
- Ресен – 23
- Радовиш и Валандово – по 19
- Свети Николе и Богданци – по 9
- Крива Паланка, Виница, Крушево и Македонска Каменица – по 7
- Пробиштип и Демир Хисар – по 6
- Берово и Кратово – по 5
- Пехчево – 4
- Македонски Брод – 2
Од вкупниот број на позитивни (1.913), регистрирани се 243 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 67г, 78г, 83г, 89 и 89г), 3 од Струмица (70г, 79г и 80г,) по 2 починати од Охрид (69г и 85г) и Прилеп (84г и 84г) и по едно починато лице од Битола (80г), Гевгелија (64г) и Кочани (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и Пробиштип на возраст од 67г до 88г. Пријавените се починати во период од 6.01.2022 до 19.01.2022г. Сите пријавени се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=21), десет лица се целосно вакцинирани.
Регистрирани сe 1.353 оздравени пациенти од:
- Скопје – 674
- Битола – 114
- Прилеп – 94
- Куманово – 71
- Кавадарци – 48
- Велес – 41
- Кичево– 35
- Штип – 30
- Гевгелија – 29
- Охрид- 28
- Кочани – 25
- Радовиш – 24
- Неготино – 21
- Струга – 18
- Гостивар – 17
- Делчево – 14
- Ресен -12
- Крушево – 11
- Струмица – 10
- Пробиштип – 9
- Свети Николе – 7
- Македонски Брод – 5
- Демир Капија – 4
- Тетово, Македонска Каменица, Демир Хисар и Берово – по 2
- Богданци, Виница, Пехчево и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 254.857, бројот на оздравени пациенти е 226.409, на починати е 8.198, а бројот на активни случаи изнесува 20.250.