Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.834 тестирања, а има 1.908 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 972
- Кавадарци – 112
- Куманово – 111
- Битола – 105
- Велес – 62
- Тетово – 58
- Прилеп – 54
- Неготино – 46
- Струмица – 45
- Охрид – 43
- Гостивар – 34
- Гевгелија – 30
- Штип – 27
- Кичево и Кочани – по 24
- Радовиш – 22
- Ресен – 21
- Валандово – 17
- Крива Паланка – 16
- Струга – 15
- Свети Николе – 12
- Берово и Богданци – по 10
- Делчево – 9
- Виница – 5
- Демир Капија и Пехчево – по 4
- Дебар, Пробиштип и Македонски Брод – по 3
- Кратово, Крушево и Македонска Каменица – по 2
- Дојран – 1
Од вкупниот број на позитивни (1.908), регистрирани се 254 реинфекции.
Регистрирани сe 1.129 оздравени пациенти од:
- Скопје – 77
- Битола – 61
- Прилеп – 52
- Куманово – 30
- Охрид – 26
- Кочани – 23
- Тетово – 18
- Неготино и Гостивар – по 17
- Струмица – 16
- Кавадарци и Гевгелија – по 14
- Кичево, Ресен и Крива Паланка – по 12
- Струга и Делчево – по 10
- Велес и Штип – по 9
- Виница, Кратово и Крушево – по 8
- Радовиш и Македонска Каменица – по 7
- Берово – 4
- Богданци, Македонски Брод и Демир Хисар – по 3
- Демир Капија и Пехчево – по 2
- Валандово, Свети Николе, Дебар, Пробиштип и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 5 починати лица од Скопје (53г, 69г, 69г, 75г и 75г), по 2 починати од Битола (74г и 85г), Велес (68г и 93г), Куманово (78г и 82г) и Свети Николе (52г и 78г) и по едно починато лице од Кавадарци (57г), Кичево (65г), Македонски Брод (60г), Неготино (73г), Охрид (65г), Прилеп (82г), Радовиш (81г), Ресен (63г) и Струга (83г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица од: Делчево (2), Скопје (1) и Пробиштип (1) на возраст од 56г до 79г. Пријавените се починати во период од 04.01.2022 до 26.01.2022г. Од пријавените лица две се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=26), седум лица се целосно вакцинирани, а кај 19 се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 265.101, бројот на оздравени пациенти е 239.581, на починати е 8.338, а бројот на активни случаи изнесува 17.182.