Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.173 тестирања, а има 1.865 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 871
- Битола – 177
- Прилеп – 119
- Куманово – 86
- Охрид – 60
- Кавадарци и Велес – по 53
- Кичево – 46
- Штип – 40
- Струмица – 38
- Тетово – 37
- Гевгелија – 28
- Гостивар – 27
- Неготино – 24
- Радовиш – 23
- Струга и Ресен – по 22
- Кочани – 21
- Крушево – 20
- Валандово – 15
- Делчево – 14
- Крива Паланка – 12
- Свети Николе – 10
- Богданци – 9
- Пробиштип – 8
- Берово – 6
- Македонски Брод – 5
- Демир Хисар – 4
- Виница, Кратово и Демир Капија – по 3
- Македонска Каменица и Пехчево – по 2
- Дебар и Дојран – по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.865), регистрирани се 207 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица: по 2 од Скопје (81г и 86г) и Битола (65г и 66г) и по едно од Прилеп (45г), Охрид (69г), Струмица (68г) и Валандово (72г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од:
- Скопје – 477
- Битола – 52
- Прилеп – 40
- Кавадарци – 30
- Велес – 22
- Охрид – 19
- Куманово – 18
- Гевгелија – 16
- Штип, Тетово и Кочани – по 14
- Струмица – 9
- Радовиш – 8
- Валандово – 7
- Кичево и Ресен – по 6
- Неготино – 5
- Гостивар, Крива Паланка и Свети Николе – по 4
- Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 3
- Струга, Крушево, Богданци, Демир Хисар, Дебар и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545.