Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.446 тестирања, а има 1.861 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 908
- Битола – 115
- Кавадарци – 100
- Куманово – 88
- Тетово – 75
- Прилеп – 69
- Велес – 54
- Струмица – 50
- Гостивар – 45
- Охрид – 41
- Штип – 37
- Гевгелија – 34
- Неготино – 32
- Свети Николе – 23
- Кичево – 22
- Струга и Ресен – по 20
- Радовиш – 18
- Кочани и Крива Паланка – по 16
- Валандово – 15
- Делчево – 11
- Богданци – 9
- Виница, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 5
- Берово, Дебар и Македонски Брод – по 4
- Пробиштип и Демир Хисар – по 3
- Кратово и Крушево – по 2
- Дојран – 1
Од вкупниот број на позитивни (1.861), регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 9 од Скопје (68г, 73г, 77г, 81г, 82г, 84г, 84г, 86г и 87), по 3 од Кавадарци (69г, 78г и 88г) и Битола (66г, 67г и 73г) и по едно од Демир Капија (73г), Куманово (86г), Неготино (87г), Прилеп (22г), Струга (76г), Струмица (73г) и Тетово (58г). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица од: Охрид (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Гевгелија (1) на возраст од 39г до 90г. Пријавените се починати во период од 17.01.2022 до 25.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=27), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 24 се регистрирани коморбидит.
Регистрирани сe 7.273 оздравени пациенти од:
- Скопје – 4.208
- Битола – 582
- Прилеп – 317
- Охрид – 302
- Струмица – 176
- Куманово – 170
- Тетово – 143
- Кавадарци – 136
- Струга – 107
- Гевгелија – 105
- Велес – 92
- Крушево – 84
- Гостивар – 82
- Кичево – 72
- Валандово – 71
- Штип – 67
- Ресен – 66
- Неготино – 59
- Делчево – 58
- Кочани – 57
- Радовиш – 54
- Крива Паланка – 41
- Берово – 34
- Кратово – 31
- Свети Николе – 25
- Демир Хисар – 24
- Богданци – 23
- Македонски Брод – 17
- Виница – 16
- Македонска Каменица – 15
- Пробиштип – 12
- Пехчево – 9
- Демир Капија – 8
- Дојран – 7
- Дебар – 3
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 263.206, бројот на оздравени пациенти е 238.452, на починати е 8.312, а бројот на активни случаи изнесува 16.442.