Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 7.123 тестирања, а има 1.822 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 918
- Битола – 198
- Прилеп – 98
- Куманово – 65
- Кавадарци – 55
- Охрид – 49
- Штип – 42
- Гевгелија и Радовиш – по 33
- Струмица – 30
- Велес – 28
- Тетово, Кичево и Крушево – по 26
- Неготино и Валандово – по 21
- Гостивар и Кочани – по 18
- Свети Николе – 15
- Ресен – 14
- Струга – 12
- Делчево и Берово – по 10
- Пробиштип – 9
- Крива Паланка – 8
- Македонска Каменица – 7
- Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 5
- Виница и Кратово – по 4
- Демир Хисар и Пехчево – по 3
- Дојран – 2
- Дебар – 1
Од вкупниот број на позитивни (1.822), регистрирани се 173 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: 2 починати лица од Делчево (70г и 77г) и едно починато лице од Скопје (89г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно починато лице од Скопје, Радовиш, Гостивар и Кичево, починати во период од 28.12.2021-06.01.2022г. Починатите се на возраст од 61 години до 85 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 668 оздравени пациенти од:
- Скопје – 406
- Охрид – 43
- Битола – 37
- Прилеп – 31
- Кавадарци – 30
- Струмица – 25
- Куманово и Велес – по 14
- Гевгелија – 11
- Штип – 7
- Радовиш, Неготино и Ресен – по 6
- Кичево и Струга – по 5
- Делчево – 4
- Кочани и Берово – по 3
- Гостивар, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 2
- Свети Николе, Македонски Брод , Демир Хисар и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 238.061, бројот на оздравени пациенти е 216.521, на починати е 8.062, а бројот на активни случаи изнесува 13.478.