Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.928 тестирања, а има 1.732 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 788
- Битола – 159
- Прилеп – 95
- Куманово – 79
- Охрид – 57
- Кавадарци – 47
- Велес – 45
- Кичево – 38
- Тетово – 35
- Штип – 34
- Струмица – 33
- Ресен – 31
- Гостивар – 30
- Неготино – 29
- Гевгелија – 27
- Кочани – 26
- Радовиш – 24
- Делчево и Крушево – по 20
- Струга – 18
- Валандово – 16
- Демир Хисар – 14
- Свети Николе – 13
- Берово – 12
- Богданци – 11
- Крива Паланка – 10
- Пробиштип – 5
- Дебар, Виница и Кратово – по 3
- Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 2
- Пехчево - 1
Од вкупниот број на позитивни (1.732), регистрирани се 204 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: по 2 од Скопје (68г и 88г) и Велес (57г и 83г) и по едно од Прилеп (84г), Кавадарци (69г) и Свети Николе (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-1 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021-11.01.2022. Од починатите лица, 4 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.
Регистрирани сe 1.035 оздравени пациенти од:
- Скопје – 659
- Битола – 114
- Прилеп – 52
- Кавадарци – 32
- Штип – 22
- Куманово – 18
- Тетово – 11
- Охрид, Струмица и Неготино – по 10
- Ресен, Гевгелија и Струга – по 9
- Гостивар и Радовиш – по 8
- Велес и Богданци – по 7
- Крушево и Крива Паланка - по 6
- Пробиштип – 5
- Кичево, Делчево, Валандово и Демир Хисар – по 4
- Кочани – 3
- Свети Николе – 2
- Демир Капија и Пехчево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а бројот на активни случаи изнесува 15.228.