Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.811 тестирања, а има 1.715 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 882
- Битола – 87
- Куманово – 75
- Тетово – 69
- Кавадарци – 66
- Велес – 63
- Охрид – 56
- Прилеп и Струмица – по 48
- Гостивар – 36
- Гевгелија – 33
- Неготино – 29
- Штип – 28
- Кочани – 26
- Кичево – 24
- Радовиш – 20
- Валандово – 17
- Богданци – 16
- Струга и Крива Паланка – по 14
- Ресен – 12
- Виница – 9
- Свети Николе и Делчево – по 8
- Демир Капија и Пехчево – по 5
- Кратово и Македонски Брод – по 4
- Пробиштип – 3
- Дебар и Демир Хисар – по 2
- Македонска Каменица и Дојран – по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.715), регистрирани се 240 реинфекции и една втора реинфекција.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 7 починати лица од Скопје (58г, 70г, 70г, 74г, 76г, 82г и 87г), 2 починати лица од Битола (77г и 81г) и по едно починато лице од Велес (59г), Гевгелија (81г), Кавадарци (64г), Куманово (66г), Неготино (63г), Охрид (57г), Ресен (82г), Свети Николе (73г), Струга (68г), Тетово (66г) и Штип (66г). Од пријавените лица 19 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Струмица (1), Штип (1), Вландово (1) и Битола (1). Починатите се на возраст од 51г до 76г. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 26.01.2021 - 01.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=24), 9 лица се целосно вакцинирани, а кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 2.057 оздравени пациенти од:
- Скопје – 1.276
- Тетово – 192
- Гостивар – 101
- Куманово – 88
- Кавадарци – 84
- Велес – 63
- Гевгелија – 44
- Кочани – 25
- Штип – 24
- Неготино – 20
- Битола – 19
- Радовиш – 18
- Крива Паланка – 13
- Прилеп, Струмица, Свети Николе и Делчево – по 12
- Виница и Богданци – по 6
- Кратово – 5
- Кичево, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 4
- Берово – 3
- Пробиштип и Демир Хисар – по 2
- Струга и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 8.494, а бројот на активни случаи изнесува 13.962.