Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 7.564 тестирања, а има 1.635 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 785
- Прилеп – 121
- Битола – 110
- Куманово – 78
- Кичево – 47
- Кавадарци – 44
- Велес – 41
- Струмица – 39
- Гостивар и Охрид – по 38
- Тетово – 37
- Радовиш – 28
- Штип – 27
- Струга – 25
- Гевгелија – 23
- Кочани – 21
- Неготино – 20
- Ресен – 17
- Крива Паланка, Валандово и Крушево – по 11
- Свети Николе и Делчево – по 9
- Берово – 7
- Македонска Каменица – 6
- Богданци и Македонски Брод – по 5
- Виница и Пробиштип – по 4
- Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Пехчево – по 3
- Дебар – 2
Од вкупниот број на позитивни (1.635), регистрирани се 184 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 6 од Скопје (50г, 66г, 66г, 67г, 83г и 85г), 2 од Битола (62г и 69г) и едно од Прилеп (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти од:
- Скопје – 794
- Битола – 114
- Прилеп – 85
- Куманово – 38
- Штип – 31
- Охрид – 28
- Гевгелија – 27
- Кавадарци – 20
- Кичево – 19
- Гостивар – 16
- Велес – 15
- Кочани – 13
- Тетово – 11
- Делчево – 10
- Ресен – 9
- Свети Николе, Радовиш, Богданци и Крушево – по 5
- Струга и Пробиштип – по 4
- Неготино и Берово – по 3
- Дебар, Виница, Македонски Брод и Пехчево – по 2
- Кратово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 243.284, бројот на оздравени пациенти е 219.616, на починати е 8.092, а бројот на активни случаи изнесува 15.576.