Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.693 тестирања, а има 1.500 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 775
- Кавадарци – 74
- Битола – 66
- Куманово – 60
- Тетово – 56
- Велес – 49
- Гостивар – 45
- Прилеп – 44
- Охрид – 42
- Струмица – 38
- Кичево и Неготино – по 32
- Гевгелија – 30
- Кочани – 28
- Радовиш – 22
- Штип – 18
- Струга – 11
- Свети Николе и Дебар – по 10
- Крива Паланка и Богданци – по 9
- Валандово – 8
- Делчево – 6
- Ресен – 5
- Демир Хисар – 4
- Виница, Пробиштип, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 2
- Берово, Кратово и Крушево – по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.500), регистрирани се 195 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: по 2 од Скопје (75г и 87г), Куманово (72г и 80г) и Тетово ( 80г и 89г), и по едно од Гостивар (62г), Демир Капија (73г), Прилеп (61г) и Струга (84г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 починати лица, Штип (1), Охрид (1), Кочани (1), Тетово (1), Скопје (1), и Кичево (1). Починатите се на возраст од 57г до 82г. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 13.01.2021 – 03.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=16), 3 лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 522 оздравени пациенти од:
- Скопје – 209
- Охрид – 79
- Тетово – 46
- Гостивар – 38
- Струга – 36
- Делчево – 13
- Кичево – 12
- Битола – 11
- Струмица – 10
- Кавадарци – 9
- Гевгелија и Кочани – по 8
- Велес – 7
- Ресен – 6
- Радовиш – 5
- Неготино, Свети Николе, Дебар, Богданци и Виница – по 4
- Прилеп и Македонска Каменица – по 2
- Дојран – 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, на починати е 8.549, а бројот на активни случаи изнесува 13.726.