Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.824 тестирања, а има 1.409 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 783
- Битола – 76
- Куманово – 67
- Кавадарци – 55
- Тетово – 50
- Велес – 45
- Прилеп и Гостивар – по 42
- Струмица и Неготино – по 30
- Гевгелија – 24
- Охрид – 21
- Штип и Кичево – по 19
- Кочани – 14
- Ресен – 13
- Крива Паланка – 12
- Валандово – 11
- Радовиш – 7
- Струга, Делчево и Македонски Брод – по 6
- Свети Николе, Виница и Демир Капија – по 5
- Берово и Богданци – по 4
- Дебар и Пробиштип – по 2
- Кратово, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.409), регистрирани се 206 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 5 од Скопје (64г, 69г, 70г, 74г и 81г), по 3 од Штип (78г, 86г и 90г) и Охрид (54г, 78г и 79г), 2 од Куманово (75г и 81г) и по едно од Гостивар (71г), Велес (74г), Делчево (80г), Кочани (77г) и Неготино (81г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и Берово (1).
Починатите се на возраст од 40г до 89г. Од пријавените лица 4 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 07.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=28), 17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 1.455 оздравени пациенти од:
- Скопје – 298
- Битола – 129
- Кавадарци – 123
- Куманово – 112
- Тетово – 98
- Гостивар – 77
- Велес – 76
- Прилеп – 72
- Струмица – 51
- Валандово – 42
- Неготино – 40
- Штип – 39
- Охрид – 37
- Гевгелија – 35
- Кичево – 34
- Радовиш – 28
- Ресен и Крива Паланка – по 21
- Кочани – 20
- Свети Николе – 18
- Струга – 14
- Богданци – 13
- Дебар – 12
- Делчево – 9
- Демир Капија и Демир Хисар – по 8
- Виница – 7
- Дојран и Крушево – по 3
- Берово и Кратово – по 2
- Македонски Брод, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.