Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 11.479 тестирања, а има 1.396 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 790
- Битола – 164
- Прилеп – 80
- Кавадарци – 41
- Куманово – 31
- Охрид и Гевгелија – 26
- Гостивар – 24
- Кичево – 22
- Велес – 21
- Ресен – 19
- Тетово – 18
- Неготино – 17
- Штип и Кочани – по 16
- Струга – 12
- Крушево – 9
- Пробиштип – 8
- Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7
- Валандово и Македонски Брод – по 6
- Струмица – 5
- Делчево – 4
- Богданци и Пехчево – по 3
- Виница и Кратово – по 2
- Берово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: по едно од Демир Хисар (78г), Битола (79г), Ресен (73г), Прилеп (76г) Штип (63г) и Македонска Каменица (73г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Тетово, Струмица и Кичево, починати во период од 17 - 18.12.2021г. Починатите се на возраст од 68 години до 87 години. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 348 оздравени пациенти од:
- Скопје – 199
- Битола – 32
- Кавадарци – 26
- Ресен – 13
- Охрид – 12
- Тетово – 10
- Неготино – 9
- Гевгелија – 8
- Штип – 6
- Куманово, Гостивар, Велес и Струмица – по 4
- Кичево и Валандово – по 3
- Кочани, Радовиш, Делчево и Дојран – по 2
- Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464, бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578.