Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 7.188 тестирања, а има 1.375 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 852
- Битола – 135
- Прилеп – 70
- Куманово и Кавадарци – по 38
- Охрид и Штип – по 25
- Струмица – 21
- Ресен – 18
- Тетово и Гевгелија – по 14
- Неготино – 13
- Гостивар, Велес и Радовиш – по 10
- Валандово – 9
- Пробиштип, Демир Хисар и Крушево - по 8
- Кичево и Богданци – по 7
- Делчево и Крива Паланка – по 6
- Кочани – 5
- Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе – по 3
- Дебар, Кратово и Пехчево – по 2
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица: по едно од Скопје (75г) и Кавадарци (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 2 лица, по едно лице од Тетово (84г) и Делчево (74г), починати на 28.12.2021 и 02.01.2022г. Пријавените се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 217 оздравени пациенти од:
- Скопје – 116
- Охрид – 13
- Прилеп – 12
- Битола – 10
- Струмица и Куманово – по 9
- Кавадарци – 8
- Гевгелија – 4
- Велес, Штип, Кичево, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 3
- Струга, Валандово, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Делчево – по 2
- Тетово, Кочани, Свети Николе, Радовиш Пробиштип и Богданци - по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818.