Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.082 тестирања, а има 1.254 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 655
- Битола – 87
- Куманово – 55
- Тетово и Кавадарци – по 46
- Прилеп – 40
- Велес – 33
- Штип – 31
- Струмица – 30
- Гевгелија – 29
- Гостивар – 25
- Неготино – 23
- Кичево и Свети Николе – по 19
- Охрид и Кочани – по 17
- Ресен и Крива Паланка – по 12
- Богданци – 9
- Виница – 8
- Струга – 6
- Радовиш и Дебар – по 5
- Делчево – 4
- Крушево, Македонски Брод и Пехчево – по 3
- Берово, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 2
- Пробиштип, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.254), регистрирани се 169 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 21 починато лице: 7 од Скопје (65г, 79г, 82г, 83г, 84г, 85г и 90г), по 3 од Кавадарци (64г, 72г и 87г), и Струмица (54г, 62г и 75г), 2 од Прилеп (72г и 82г) и по едно од Куманово (87г), Битола (78г), Тетово (73г), Кичево (80г), Струга (66г) и Неготино (63г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=21), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 28 оздравени пациенти од:
- Скопје – 14
- Кочани – 5
- Богданци – 3
- Кичево, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Кратово и Крушево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114.