Почетна » Новости » Актуелно » 1.250 новозаразени и 22 починати од коронавирус кај нас

1.250 новозаразени и 22 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 8.192 тестирања, а има 1.250 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 421
  • Гостивар – 192
  • Тетово – 133
  • Куманово – 80
  • Струмица – 67
  • Кичево – 62
  • Струга – 53
  • Охрид – 38
  • Прилеп – 25
  • Битола – 23
  • Дебар – 19
  • Кавадарци – 15
  • Велес – 13
  • Штип – 12
  • Свети Николе – 11
  • Радовиш и Валандово – по 10
  • Кочани и Берово – по 9
  • Гевгелија и Ресен – по 8
  • Кратово – 6
  • Крива Паланка, Крушево и Македонска Каменица – по 4
  • Делчево, Виница и Македонски Брод – по 3
  • Неготино и Демир Хисар – по 2
  • Богданци – 1
ковид податоци

Пријавени се 22 починати лица: по 4 од Скопје (51г, 66г, 69г и 72г) и Тетово (38г, 71г, 72г и 77г), 3 од Гостивар (57г, 72г и 80г), по 2 од Охрид (69г и 85г), Струга (66г и 73г), Кичево (47г и 83г) и Дебар (67г и 84г) и по едно од Куманово (64г), Велес (47г) и Валандово (76г).

Од пријавените, 21 лице е починато во болнички услови, а едно во домашни услови.

Регистрирани сe 265 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 84
  • Гостивар – 44
  • Тетово – 43
  • Куманово – 18
  • Струмица – 15
  • Дебар – 12
  • Кичево – 11
  • Берово – 9
  • Кавадарци – 5
  • Прилеп, Битола и Велес – по 4
  • Штип – 3
  • Делчево, Валандово и Македонски Брод – по 2
  • Неготино, Крива Паланка и Радовиш - по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19801 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.