Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 7.483 тестирања, а има 1.197 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 766
- Битола – 94
- Прилеп – 56
- Кавадарци – 38
- Велес – 31
- Охрид – 24
- Гевгелија – 23
- Куманово – 18
- Ресен – 16
- Тетово – 15
- Штип и Струмица – по 12
- Кочани – 11
- Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10
- Делчево и Валандово – по 7
- Струга и Богданци – по 5
- Гостивар и Свети Николе – по 4
- Македонски Брод – 3
- Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: по 3 од Скопје (55г, 82г и 88г) и Битола (60г, 69г и 90г), 2 од Охрид (68г и 79г) и по едно од Прилеп (68г), Велес (68г), Валандово (41г) и Струга (88г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Скопје (72г), Валандово (85г) и Гевгелија (82г). Од пријавените лица, две се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.
Регистриран e 331 оздравен пациент од:
- Скопје – 174
- Прилеп – 30
- Битола – 21
- Кавадарци – 16
- Охрид – 13
- Штип – 12
- Гевгелија и Куманово – по 9
- Струмица – 8
- Велес, Ресен, Крива Паланка, Радовиш и Демир Капија – по 4
- Тетово, Кочани и Делчево – по 3
- Неготино и Валандово – по 2
- Кичево, Македонски Брод, Пробиштип, Дојран, Виница и Кратово - по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667.