Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.256 тестирања, а има 1.158 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 353
- Гостивар – 216
- Тетово – 122
- Кичево – 71
- Струмица – 69
- Куманово – 57
- Струга – 42
- Охрид – 30
- Кавадарци – 26
- Дебар – 20
- Прилеп – 19
- Штип – 15
- Битола, Велес и Гевгелија – по 13
- Кочани и Ресен – по 10
- Свети Николе – 9
- Кратово – 8
- Пробиштип и Македонски Брод – по 6
- Богданци – 5
- Берово и Виница – по 4
- Радовиш и Делчево – по 3
- Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2
- Неготино, Крива Паланка, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1
Пријавени се 19 починати лица: 6 од Тетово (54г, 65г, 74г, 74г, 79г и 84г), 5 од Гостивар (66г, 66г, 67г, 69г и 71г), 3 од Куманово (54г, 78г и 85г) и по едно од Скопје (61г), Струмица (54г), Струга (60г), Свети Николе (83г) и Валандово (85г). 18 пациенти се починати во болнички услови, а еден е починат дома.
Регистрирани сe 166 оздравени пациенти од:
- Скопје – 39
- Тетово – 38
- Кичево – 16
- Куманово – 13
- Гостивар и Струмица – по 10
- Кавадарци – 6
- Битола, Велес, Берово и Дебар – по 5
- Прилеп, Кочани, Македонски Брод и Пехчево – по 2
- Охрид, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 165.684, бројката на оздравени пациенти е 151.401, на починати е 5.608, а бројот на активни случаи изнесува 8.675.