Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 9 лоши навики кои ги уништуваат вашите заби

9 лоши навики кои ги уништуваат вашите заби

Редовното миење и чистење на забите не е доволно за да се зачува нивниот изглед и нивното здравје. Понекогаш малите секојдневни навики може да ги уништуваат вашите заби без вие и да знаете за тоа. Некои навики го покажуваат својот негативен ефект веднаш (кршење на забите), а некои ги уништуваат забите бавно и незабележливо.

Убави заби

За да го одржите вашето дентално здравје, погрижете се да се ослободите од следниве навики:

  1. Употреба на забите како ножици. Многумина ги користат забите за откинување на парче селотејп, отворање на чоколадо, сечење на конец... Дури и ако имате среќа да не направите некое видливо оштетување на забот, ваквите постапки може да предизвикаат минијатурни пукнатини на површината и врвовите на забите. Честата употреба на забите како помошна алатка може да доведе и до нивно искривување. Не бидете мрзеливи и станете да ги побарате ножиците.
  2. Четкање со употреба на голем притисок. Можеби ќе си помислите дека силното четкање на забите ќе придонесе за нивно потемелно чистење, но вистината е дека притисокот може само да им наштети на забите. Освен силното четкање, и употребата на четка со тврди влакна ја уништува забната глеѓ, ги воспалува непцата и ја зголемува чувствителноста на забите.
  3. Грицкање мраз, нокти или тврди бонбони. Грицкањето мраз често предизвикува болка на забите и има причина за тоа. Болката треба да ве предупреди дека правите нешто штетно, односно дека ги повредувате забите. Притисокот кој го користите за да грицнете тврд предмет го оштетува надворешниот заштитен слој на забите, а често води и до кршење на мали делчиња од врвовите на забите. Мразот не се препорачува да го ставате в уста и поради екстремно ниската температура.
  4. Шмукање лимон. Шмукањето парче лимон од една страна е корисно затоа што ова овошје е неверојатен извор на витамини, но од друга страна, ако се прави редовно, е многу штетно за забите. Киселоста на лимонот води до ерозија на глеѓта на забите и како резултат на тоа, површината на забите станува рапава. Се препорачува соковите од лимон и портокал да престојуваат колку што е можно помалку во вашата уста. Најдобро е да ги пиете со сламка.
  5. Миење на забите непосредно пред и по оброк со висока киселост. Никогаш не треба да ги миете забите во периодот од 30 минути пред и 30 минути по консумирањето на храна со висока киселост (џус, вино, овошје, кисели краставички, џем од јагоди, енергетски пијалаци). Ако ги миете забите пред јадење, ја измивате плунката која ја штити глеѓта од киселините. Ако пак ги измиете забите веднаш по консумирањето на ваква храна, може да ги оштетите и да ја зголемите нивната чувствителност, бидејќи киселините ја омекнуваат забната глеѓ.
  6. Грицкање на моливи и пенкала. Додека замислено сте навлегле во работата или во учебниот материјал, несвесно може да го ставате врвот на пенкалото или моливот во устата. Ако забележите дека имате ваква навика, веднаш обрнете ѝ внимание и искоренете ја, затоа што таа може да предизвика оштетување на забната глеѓ, поткршување и напукнување на забите. Потребен ви е дополнителен мотив да се откажете од оваа навика? Само размислете колку многу бактерии има врз површината на предметот кој вие го ставате в уста.
  7. Цицање на палецот. Цицањето на палецот е лоша навика од многу аспекти, но од неа можеби најмногу страдаат забите. Ваквата навика има најлошо влијание ако цицањето продолжи и по појавата на трајните заби, бидејќи води до трајна промена на структурата на забите, а истовремено може да го промени и изгледот на целата вилица.
  8. Агресивна употреба на чепкалки за заби. Чепкалките за заби се одлично помагало за отстранување на остатоците храна од тесниот простор помеѓу забите. Но, ако се користат премногу агресивно, чепкалките не само што можат да доведат до оштетување на непцата, туку можат и да предизвикаат поткршување на забите. Бидете нежни со чепкалките и никогаш не паѓајте на искушението да ги џвакате за разонода.
  9. Чкрипење со забите. Бруксизмот или чкрипењето со забите може да предизвика трошење на забите, преголема чувствителност, кршење и дури и нивно опаѓање. Освен тоа, оваа несвесна навика може да доведе до главоболка, болка во ушите и болка во вилицата. Стресот, анксиозноста и депресијата се само некои од причинителите на бруксизам.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20944 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.