Почетна » Убавина и мода » Лице » Избелување на забите дома

Избелување на забите дома

Убавото лице треба да го краси убава насмевка. Здравите заби треба да ни бидат приоритет, затоа што се важен дел од нас и треба да ни служат долги години.

Еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат многу луѓе е изгледот на забите. Исхраната, хигиената и пушењето предизвикуваат обојување или жолтеење на забите, а тоа во никој случај не изгледа привлечно.

Бели забиМожете да користите сода бикарбона, јагоди или хидроген за да ги избелите вашите заби.

Блескавата насмевка што ја гледаме кај холивудските ѕвезди е посакувана од многумина. Но, да не се лажеме, таа белина не може да се постигне само преку добра орална хигиена. Потребно е професионално избелување кое кошта многу пари, а и не е долготрајно.

Доколку мечтаете да имате бели заби, а не сакате да ризикувате со избелување кај стоматолог, постојат неколку „бабини рецепти“ кои можат да ви помогнат да добиете со неколку нијанси побели заби.

Сода бикарбона

Најраспространет домашен „лек“ за избелување на забите е сода бикарбона. Добрата вест е што е многу ефективна, а лошата е што има абразивно дејство и ако се користи многу често може да го нагризе надворешниот слој на забите и да предизвика оштетување.

Како да ја користите?

Натопете ја четката за заби со вода и макнете ја во сода бикарбона. Врз четката не треба да има многу сода. Тријте ги забите со кружни движења 2-3 минути, а ако можете продолжете и до 5 минути.

Потоа исплакнете со вода неколку пати или измијте ги забите со паста за избелување.

Јагоди

Јагодите се сосема природен начин за избелување на забите, па поради тоа многу луѓе решаваат да ги искористат и да го проверат нивниот ефект. И навистина, јагодите содржат ензими кои ги избелуваат забите, иако нивниот ефект е многу мал.

Како да ги користите?

Земете 2-3 јагоди и изгмечете ги. Ставете ги врз четката за заби и четкајте ги забите 3 минути. Или пак, можете да пресечете една јагода на половина и со неа да ги триете забите.

Јагодите содржат шеќер и киселини кои ги отстрануваат флеките од забите и ги прават побели, но во исто време го омекнуваат емајлот на забите. Затоа, по употребата на овој метод за белење, потребно е да ги измиете забите со паста за да ги отстраните шеќерите и киселините кои остануваат.

Хидроген

Многу распространет метод за избелување на забите е и методот со употреба на хидроген. Хидрогенот влегува во составот на многу пасти и други производи наменети за избелување на забите. Тој навистина помага за избелување на забите, но има лош вкус и може да им наштети на забите.

Како да го користите?

Употребувајте 1% или 3% хидроген. Плакнете ја устата 30 секунди со 2-3 лажички хидроген. Плукнете го и потоа исплакнете ја темелно устата со вода или уште подобро исчеткајте ги забите со паста, за да бидете сигурни дека немате повеќе хидроген во устата.

Хидрогенот е безбеден да го шмукате, но треба да бидете многу внимателни да не го голтнете. Кога користите хидроген, можно е вашите непца да се раздразнат.

Честа пракса е да се комбинираат различните продукти за создавање на поефективни „избелувачи“. Примери:

  • 2 кафени лажички сода бикарбона и 3 кафени лажички хидроген.
  • 1 пасирана јагода и ½ кафена лажичка сода бикарбона.

Лимоновиот сок е уште еден познат метод за избелување, но не се препорачува затоа што го омекнува емајлот на забите и ги прави забите почувствителни.

!

Внимание! Ако планирате да употребувате некој од многуте рецепти за избелување на забите во домашни услови, многу е важно да преземете мерки за заштита од несакани последици. Прво треба да внимавате да не сте алергични на состојките, а второ – да не ги користите често, затоа што можат да ги оштетат забите.

По употребата на кој и да било домашен рецепт, исплакнете ја темелно устата или пак измијте ги забите со паста за заби.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19726 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.