Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 15 тактики за да ја надитрите желбата за цигара

15 тактики за да ја надитрите желбата за цигара

„Од наредниот месец не пушам“, „Од понеделник ги фрлам цигарите в канта“, „Да ја допушам уште оваа кутија цигари и готово“... Речиси сите пушачи се обиделе барем еднаш да се спасат од зависноста од никотин и најголем дел од нив ќе се согласат – откажувањето од пушењето е тешко. За жал, не постои магичен метод за лесно откажување од цигарите, но факт е дека потребата од цигара губи од својот интензитет со секое игнорирање од ваша страна.

Секојпат кога ќе му одолеете на искушението да запалите една „последна“ цигара вие сте еден чекор поблиску до целосното ослободување од овој порок. Желбата за никотин е најинтензивна 3-5 минути по нејзиниото појавување, па потребно е да најдете активност која ќе ви го одвлекува вниманието и ќе ви ги држи рацете зафатени додека таа не одмине целосно (за околу 10-20 минути).

Откажување од пушењето

Наместо да посегнете по кутијата цигари за да го нахраните никотинскиот демон, надитрете ја желбата за цигари на еден од следниве начини:

  1. Направете си маникир. Мирисот на лак за нокти ќе ви го одвлече вниманието од цигарите. Лакирањето на ноктите не само што ќе ви ги држи рацете зафатени, туку и ќе ве спречи да се фатите за цигарите откако ќе завршите. Не би сакале да го уништите модерниот нов маникир само за да извадите цигара од кутијата, нели?
  2. Избројте ги парите заштедени од цигарите. Собирајте ги настрана парите кои сте ги заштедиле од секоја некупена кутија цигари. Кога желбата за цигара ќе нападне, пребројте ги. Тоа ќе ве мотивира да не се навраќате на старите пороци кои само ви го празнат паричникот. Или пак, наградете се себеси со ново парче облека кое ќе ве потсетува на вашиот успех секогаш кога ќе го носите.
  3. Откажете се од навиките кои сте ги комбинирале со цигара. Секогаш пушевте цигара со кафето или посегнувавте по кутијата по првата голтка вино? На почетокот избегнувајте ги навиките кои ве потсетуваат на „одличниот“ вкус на цигарите. Пијте го кафето во простории во кои не ви е дозволено да запалите цигара. Барем во првите неколку дена избегнувајте го алкохолот за да не паднете во искушение да го искомбинирате со „само една последна цигара“.
  4. Решете судоку или крстозбор. Умствената активност ќе ви ги оттргне мислите од потребата за нова доза никотин, а држењето на пенкало е одлична замена за старата навика на држење на цигара меѓу прстите.
  5. Запејте песна. Не грижете се ако имате лош глас, и запејте. Пеењето го зголемува протокот на воздух во белите дробови и ве релаксира. Вие сте поспособни да се борите со желбата за никотин ако сте во релаксирана состојба.
  6. Грицкајте сончоглед. Во исто време ќе ви бидат ангажирани и рацете и устата. За разлика од благите производи, солта им дава лош вкус на цигарите.
  7. Истуширајте се со топла вода. Топлиот туш ќе ве релаксира. А додека да излезете од бањата, желбата за цигари ќе одмине.
  8. Легнете да спиете. Можеби ќе се чувствувате мрзеливо, но спиењето може да биде ваш најдобар сојузник додека се обидувате да ги откажете цигарите, особено во првите денови. Независно колку страстен пушач сте биле, факт е дека не можете да пушите додека спиете.
  9. Замислувајте се себеси како непушач. Понекогаш мозокот е нашиот најлош непријател. Никогаш не си создавајте ментална слика како уживате во цигарите. Наместо тоа, замислете си дека ја пушите најгрозната, најнепосакуваната цигара досега. Не размислувајте како пушач кога сте под стрес, велејќи си „Морам да испушам една цигара за да се смирам“. Нервозни сте? Одете на прошетка или извежбајте.
  10. Поиграјте компјутерска игра. Игрите се одличен начин за релаксација и за одвлекување на вниманието од лошите навики. Доволно е да поминете едно ниво на Супер Марио, за да ви одмине желбата за цигара. Препорачливо е да изберете компјутерска игра која бара ангажираност на двете раце.
  11. Јавете ѝ се на позитивна пријателка. Желбата за цигари најчесто се појавува кога сме нерасположени и под стрес. Слушањето на пријатниот глас кој доаѓа од позитивна пријателка ќе ви го подобри расположението и ќе ве држи подалеку од цигарите. Многу е важно да знаете дека не сте сами додека се борите со никотинскиот порок.
  12. Помислете на сите луѓе кои би ги разочарале. Изговорувањето на реченицата „Ги откажав цигарите“ е одлична вест за вашите најблиските. Вашиот сопруг, децата и родителите ќе бидат горди на вас затоа што конечно сте успеале. Во моментите кога сакате да запалите цигара, помислете колку би ги разочарале и најверојатно ќе се откажете од намерата.
  13. Кога сте во кафуле со пријателите, седете внатре наместо надвор. Кога сте надвор на отворено, нема никаква пречка да запалите цигара. Поголема е веројатноста да ѝ одолеете на желбата за цигари ако треба да се туркате низ толпата за да стигнете до вратата од кафулето.
  14. Исчистете си ги забите со конец или исплакнете ја устата со раствор со вкус на ментол. Кога и да посакате да запалите цигара, исплакнете си ја устата со раствор. Ментолот ќе ве оттргне од идејата да се фатите за цигарата. Исто така, добра тактика е и чистењето на забите со забен конец. Деталното чистење ќе ви одземе доволно време за да заборавите на цигарите.
  15. Советувајте личност која се бори со истиот порок. Кога им кажувате на другите дека се силни и дека можат да успеат, и сами си ја предавате истата порака.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.