Почетна » Новости » Истражувања » Потребни се 5 години и 7 обиди за да се откажат цигарите

Потребни се 5 години и 7 обиди за да се откажат цигарите

Пред три месеци се обидовте да ги откажете цигарите, но не успеавте да му одолеете на искушението. За Нова година ја фрливте кутијата и рековте „Дефинитивно не пушам повеќе!“, но таа решителност ви траеше до наредниот ден. Ваквите неуспешни обиди не се знак дека нема да успеете.

Најновото истражување во оваа област вели дека на просечниот пушач му се потребни дури 5 години и 7 обиди за да успее да се откаже од пушењето.

ЦигариЛуѓето најчесто ги откажуваат цигарите поради загриженост за нивното здравје

Исто така, било откриено дека откажувањето на цигарите на Нова година и не е многу успешно, затоа што половината од луѓето кои се решиле да ја започнат новата година без цигари, запалиле цигара уште во првите десет дена.

Во текот на истражувањето биле набљудувани 3000 пушачи и бивши пушачи, а резултатите покажале дека најчестата причина поради која луѓето ги откажуваат цигарите е загриженоста за нивното здравје.

Меѓу останатите причини кои ги тераат пушачите да се откажат е и фактот што пушењето не е привлечно за спротивниот пол, а и тоа што често не можат да земат воздух.

Скоро сите учесници во истражувањето се согласиле дека првата недела по откажувањето е најкритична и најстресна. Некои дури и изјавиле дека откажувањето од пушењето им предизвикало повеќе стрес отколку разводот или планирањето на свадба.

Просечната возраст на која луѓето ги откажуваат цигарите е 27 години, а најголем дел од пушачите сметаат дека треба да поминат околу три месеци без да запалат цигара за да започнат да се чувствуваат како непушачи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.