Повеќето мајки би избрале детска песна за да го заспијат своето бебе во текот на ноќта, но Кимберли Хендерсон избира пософистицирана музика за побрзо да ја однесе малата ќерка во светот на соништата. Нејзиното „приспивно“ видео стана интернет хит.
Една вечер, кога едногодишната Ваида се разбудила, талентираната мајка започнала да ѝ ја пее преработката на Сем Смит на песната „How Will I Know“ од Витни Хјустон. Видеото во кое девојчето заспива додека мајка му го лула и му пее достигна до над 21 милион прегледувања на Facebook и 750.000 на YouTube.
Погледнете го видеото кое ја докажува успокојувачката моќ на мајчиниот глас.