Видеото во кое девојка се обидува да ѝ каже на мајка си дека се вери, покажувајќи ѝ го вереничкиот прстен, ќе ве насмее.
Среќната девојка ѝ вели на својата мајка дека заборавила да си ги налакира ноктите со идејата да ѝ го привлече погледот кон рацете, односно кон специјалниот прстен, но мајката не го забележува.
Кога по неколку обиди мајката најпосле сфаќа зошто сите се однесуваат малку чудно и ја снимаат, гласно ја искажува големата радост.