Видео од „селфи“ предлог за брак стана интернет хит поради реакцијата на среќната девојка.
За да ја овековечи реакцијата на Лиса Меј кога неочекувано ѝ го поставува најважното прашање, нејзиниот партнер ѝ вели дека прави „селфи“. Во следниот момент, тој клекнува пред неа со прстен во раката.
Ококорените очи и неверувањето од страна на Лиса се причината што видеото стана интернет хит со повеќе од 1,6 милиони прегледувања на YouTube.