Понекогаш најдобрите подароци се оние кои најмалку ги очекуваме.
Малечката Медисон отсекогаш сакала помала сестра, а за 4. роденден нејзината голема желба станала реалност. Во видеото, родителите ѝ ја соопштуваат среќната вест дека ќе посвојат бебе.
Пред две години Медисон се молела в црква за да добие сестричка или братче. „Знаев дека ќе сторам сè што е во моја моќ да се вратам во Кина и да посвојам повторно“ – изјавила мајката Кетрин Пек за Today.
Погледнете ја позитивната реакција на 4-годишното посвоено девојче, кога мајка ѝ ќе ѝ покаже фотографија од сестричката која ќе ја посвојат.
Среќните родители го објавија видеото со цел да инспирираат други луѓе да посвојуваат и се одушевени што изнудуваат насмевки и солзи радосници.