И докторите понекогаш грешат. Во октомври минатата година докторите им соопштиле на Даниел и Кајл Вилијамс дека ќе им се роди девојче. Но, за парот следело големо изненадување, бидејќи пред две недели, наместо втора ќерка, тие го добија својот прв син.
Среќните родители знаеле дека најблиските ќе бидат многу изненадени кога ќе дознаат за збунката со полот и решиле да ги овековечат нивните реакции.
Во првиот дел од видеото е снимена мајката на Даниел, која останува со подзината уста кога ќе ѝ речат да ја промени пелената на новороденчето.