Весела бабичка насмеа многумина со мала незгода за време на прославата за 102. роденден.
Во видеото, Луиз Бонито вдишува длабоко и ги дува свеќичките на роденденската торта, но наместо да ги изгаси свеќите, таа останува без вилици.
„Моите внуци полудеа од смеа“ – изјавила Луиз со голема насмевка на лицето.
Една од внуките на Бонито го споделила видеото на својот профил на Instagram.