Мало девојче на чуден начин покажа дека го обожава својот татко. Малата Олја се потстрижа кратко со цел да личи на татко си.
Видеото од новата фризура на Олја било објавено од татко ѝ на YouTube. Во него тој ѝ вели да се сврти за да покаже како самата си ја скратила косата, додавајќи дека мајка ѝ ќе ги „убие“ и двајцата. Но, Олја самоуверено му возвраќа дека мајка ѝ нема да се лути, напротив, дека ќе каже дека е кул што личи на тато. „Сакам да бидам како тато“ – вели девојчето на крајот од видеото.