Талентиран магионичар привлече големо внимание со своите неверојатни трикови на аудициите на шоуто Britain’s Got Talent 2015.
31-годишниот Џејми Рејван изведе два трика и ја подигна публиката на нозе, оставајќи го Сајмон со подотворена уста. „Сега навистина верувам во магија, како што некои луѓе веруваат во духови“ – изјави Сајмон по настапот на Џејми.
Видеото досега е прегледувано над 1,7 милиони пати на YouTube.