Кучето Бејли искрено се радува за враќањето на својот сопственик дома, по двегодишна црковна мисија во Русија.
Во видеото, возбуденото кученце го дочекува 21-годишниот Нејтан на влезната врата и скока и го лиже по лицето.
„Одреден период по заминувањето на нашиот син, Бејли изгледаше вознемирена. Таа одеше да го бара во неговата соба и гребеше на вратата“ – изјавиле родителите на Нејтан за Jukin Media.
Погледнете го видеото кое достигна речиси 1,7 милиони прегледувања на YouTube.