Малечката Џулиет Вилсон слободно може да се нарече среќничка, бидејќи за својот прв роденден доби подарок кој не може да се купи со пари. Имено, родителите ѝ подариле видео снимка, која ја прикажува нејзината трансформација од новороденче во девојче за само 365 секунди.
Видеото ги опфаќа сите важни моменти од развојот на Џулиет во текот на првата година, како и различните емоции преку кои бебињата комуницираат со светот.