Емотивно девојче започнува да плаче додека ја пее детската песна „Five little ducks“ која ја научило во градинка. Во песната се зборува за мајка-патка која има пет патчиња, но секој ден по едно од нив залутува и не се враќа кај неа. По пет дена, патката останува сама.
Иако песната има среќен крај и сите патчиња се враќаат кај мајката, 4-годишното девојче не може да си ги задржи солзите.