Видеото од послушно куче кое „свири“ на пијано ќе ве убеди дека и животните знаат да се забавуваат.
6-годишната Седи од расата германски овчар била спасена од стационар за животни во 2009 година. Во видеото, таа се качува и седнува на столче, а потоа започнува да свири. Во еден момент си го покрива лицето, во знак на срам зашто исвирила погрешна нота. На крајот од видеото, Седи дури и се поклонува.