Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » Пет вежби со кои Џенифер Лопез го одржува своето фит тело и на 47 години

Пет вежби со кои Џенифер Лопез го одржува своето фит тело и на 47 години

Џенифер Лопез изгледа неверојатно фит, иако чекори во петтата деценија од својот живот. И на 47 години таа го одржува своето тело во завидна форма благодарение на дисциплинираност, напорни тренинзи и правилна исхрана.

Џенифер Лопез

Трејси Андерсон, која ѝ е личен тренер на Џеј Ло, покажува пет вежби кои ги вметнува во тренинзите на музичката ѕвезда, а кои инстантно ги зацврстуваат и тонираат мускулите на телото.

Една од тајните на Џеј Ло, е тоа што таа во своите тенинзи додава и тегови од по 2 килограми, кои се зацврстени на нејзините нозе во областа над глуждовите.

Секоја од вежбите се повторува по 30 пати на секоја страна.

Вежба 1

Вежби од тренерот на Џенифер Лопез

Спуштете се на подот и потпрете се на лактите за да бидете во кучешка положба, при што лактите да ви бидат поставени под рамената, а колената под колковите. Најпрво, левата нога повлечете ја кон градите (слика А), а потоа го обратна насока испружете ја наназад и нагоре (слика Б).

Вежба 2

Вежби од тренерот на Џенифер Лопез

Клекнете на левото колено, десната нога поставете ја свиткана настрана, а рацете поставете ги на колковите (слика А). Левата нога нека ви остане статична, додека десната повлечете ја назад кон себе. Додека десната нога ја испружувате наназад, навалете се нанапред со горниот дел од телото, спојте ги дланките и потпрете се на двете лакти на подот (слика Б).

Вежба 3

Вежби од тренерот на Џенифер Лопез

Легнете со лицето насочено кон подот, поставете ги дланките под рамениците. Испружете ја десната нога, а левата поставете ја над неа, со тоа што левиот глужд ќе се наоѓа во областа зад десното колено (слика А). Оттурнете се од подот со дланките. Како што го кревате телото, така подигнувајте ја и левата нога нагоре (слика Б).

Вежба 4

Вежби од тренерот на Џенифер Лопез

Заземете положба на страничен планк, со тоа што десниот колк ќе ви биде потпрен на подот. Левата рака поставете ја на левиот колк, а левата нога донесете ја пред себе и потпрете се на коленото (слика А). Подигнувајте го телото нагоре и испружете ја левата нога, истовремено балансирајќи го телото на десната потколеница (слика Б).

Вежба 5

Вежби од тренерот на Џенифер Лопез

Застанете во кучешка положба, така што дланките ќе ви бидат поставени на подот под рамениците, а колената паралелно под колковите. Десната рака придвижете ја под градите кон левата страна, притоа насочувајќи се со главата кон подот. Активирате ја истовремено и левата нога и поставете ја исправена настрана (слика А). Останете во позицијата која ја зазедовте, но левата нога испружете ја наназад со исправено стапало насочено кон таванот (слика Б).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.