Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » Вртење на хулахоп – забавно слабеење

Вртење на хулахоп – забавно слабеење

Вртењето хулахоп не е само детска игра. Зад забавното вртење се крие забавно слабеење. Слично како и скокањето на јаже кое го обожававме во детството, и вртењето хулахоп го има пронајдено својот пат до модерните фитнес програми за слабеење и обликување на телото.

Ако посакувате женствена силуета, хулахопот е ваш вистински пријател. Вртењето хулахоп овозможува таргетирано обликување на половината и е брз и ефикасен начин за добивање на посакуваната фигура на песочен часовник.

Бенефиции од вртењето на хулахоп

Редовното вртење на хулахоп има позитивен ефект не само врз вашето тело, туку и врз вашиот ум и вашиот дух. Еве некои од најважните бенефиции:

  • ги обликува стомачните мускули;
  • претставува интензивна кардиоваскуларна активност;
  • ги подобрува рамнотежата и флексибилноста;
  • го поттикнува слабеењето и горењето на мастите;
  • ги подобрува моторните способности;
  • ги зголемува издржливоста и енергијата;
  • го зацврстува грбот;
  • развива чувство за ритам;
  • го подобрува држењето на телото;
  • го намалува стресот;
  • ја зголемува самодовербата;
  • го поттикнува смеењето и чувството на среќа.

Како да ја изберете правилната големина на хулахоп?

Хулахопите се во различни големини. Ако имате хулахоп од времето кога сте биле дете, сега веќе не е соодветен за вас.

Како правило се прифаќа дека соодветен хулахоп е оној што кога ќе го исправите пред вас е висок до помеѓу вашиот стомак и градите. Па, застанете исправени и држете го хулахопот вертикално пред вашите нозе, така што од едната страна да го допира подот. Ако хулахопот е понизок од вашиот папок, тогаш е мал за вас.

Сепак, треба да знаете дека колку што е поголем хулахопот, толку побавно ротира околу вашето тело и вие добивате полесна вежба. Малите хулахопи се поголем предизвик затоа што мора да вртите поинтензивно.

Како да вртите хулахоп?

Тенката половина е знак на женственост и таа ѝ дава посебен шарм и дефиниција на целата силуета. Вртењето хулахоп ќе ви помогне да го зацврстите стомакот и да ја добиете посакуваната форма. Но, пред да започнете со вртење, растегнете се и загрејте се со следниве вежби:

Вежби за загревање

Вртење на хулахоп1. Фатете го хулахопот со двете раце и подигнете го над главата. Свртете го горниот дел од телото надесно, а потоа налево. Повторете ја оваа вежба 10 пати. Вртење на хулахоп2. Застанете со раширени нозе и поставете го хулахопот вертикално на левата страна колку што е можно подалеку од вас. Протегнете се. Повторете го истото и на десната страна. Вртење на хулахоп3. Застанете на една нога и држете го хулахопот зад вас, така што рацете да ви бидат исправени. Потоа, спуштајте го хулахопот надолу додека ги свиткувате лактите. Повторно исправете ги рацете. Повторете ја оваа вежба 4 пати.

Совети за вртење на хулахоп

Откако ќе се загреете, преминете на самото вртење. Еве неколку совети за полесно и поефективно вртење на хулахоп:

  1. Подгответе се. Ослободете доволно простор околу вас за да можете непречено да вртите. Поставете го хулахопот на подот и влезете во центарот. Подигнете го со двете раце и ставете го на половината.
  2. Ставете ја едната нога понапред од другата. Малку потсвиткајте ги колената, едната нога ставете ја понапред и застанете во релаксирана природна положба.
  3. Движењата треба да бидат повеќе напред-назад, отколку во круг. Многу луѓе кога учат да вртат хулахоп сметаат дека треба да го вртат телото заедно со хулахопот. Всушност, движењето треба да ви наликува на нишање напред-назад.
  4. Испробајте на која страна ви е природно да вртите. Ако имате проблеми со вртењето, пробајте да вртите на спротивната страна. Обично, десничарите вратат од десно кон лево, а левичарите обратно. Пробајте да вртите во двете насоки и веднаш ќе почувствувате што ви е поприродно.

Погледнете како треба да изгледа вртењето:

Факт: 30-минутното вртење хулахоп води до согорување на 200-300 калории во зависност од интензитетот. Во просек жените согоруваат 210 калории за половина час вртење.

Ако кога сте биле дете не сте го совладале вртењето хулахоп, време е да се обидете повторно. Доколку сте биле експерт, потсетете се на убавите спомени и започнете да вртите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.