Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Бездомно дете пишува домашно на улица под светло на McDonald’s

ФОТО: Бездомно дете пишува домашно на улица под светло на McDonald’s

Фотографија од бездомно дете кое учи и ја пишува својата домашна работа под светлината на ресторан на McDonald’s го обиколи светот. Малото дете го изгубило својот дом во пожар.

Даниел Кабрера

Фотографијата била направена од студентката Џојс Терифрансе на улица во Манила. Изненадената девојка ја споделила фотографијата од невообичаената глетка на Facebook. „Мене како студент, тоа ме погоди, многу. Јас ретко одам во кафуле да учам. А ова дете, тоа нема ништо, но е посветено на учењето“ – изјавила Џојс.

Новинарите од ABS-CBN News го пронашле момчето во ресторан каде што работела неговата мајка. Амбициозното дете се вика Даниел Кабрера и има само 9 години. Неговиот дом бил уништен во пожар и со својата мајка и уште еден болен роднина останале без покрив над главата.

Секоја вечер Даниел учел под светлото на ресторанот за брза храна и изјавил дека независно од неговата моментална ситуација, тој е решен да го заврши училиштето за да може да ѝ помогне на својата фамилија.

Неговата учителка Росалина Детуја била инспирирана од неговата упорност. „Даниел е среќно дете. Тој исто така е интелигентен“ – изјавила таа.

Откако се распространи фотографијата од малиот Даниел, социјален работник го посетил и му понудил помош на настраданото семејство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.