Почетна » Семејство » Брак » Вашето семејство не го сака вашиот партнер?

Вашето семејство не го сака вашиот партнер?

Во вашите фантазии, без разлика каде сте, сигурно секогаш посакувате околу вас да се среќни луѓето кои ги сакате – сопругот, родителите и вашите деца. Но, вашата искрена желба, тие да уживаат кога се заедно, може и да не се оствари.

Среќно семејствоДури и да постојат несогласувања во вашето семејство, децата не треба да го почувствуваат тоа.

Многу жени се благословени да имаат семејство во кое сопругот се вклопува идеално, но може да се случи вашето семејство да не сака да има ништо заедничко со човекот кој го сакате и сте го избрале за партнер во добро и лошо. Тоа може да биде многу стресно, но има некои работи кои можете да ги направите за да ја намалите тензијата.

Отворено разговарајте
Обидете се да дознаете која е причината, што ги предизвикува тие непријателски чувства помеѓу вашето семејство и вашиот партнер. Иницирајте цивилизиран разговор за проблемот. Може да се работи за недоразбирање или неоснован страв кај вашите роднини, дека тој не ве сака или дека може да ве повреди. Ако е така, тогаш разговорот може да биде доволен за да го надминете овој непријатен конфликт.

Не дозволувајте појава на непочитување
Без разлика дали вашиот партнер е присутен или не, не дозволувајте некој од вашето семејство да зборува со непочит или да го навредува. Изјавете дека нема да толерирате таков тип на однесување и дека сакате ако не друго, барем да се почитуваат вашите чувства.

Разделете го вашето време
Кога секој ваш обид за среќно обединување пропадне, обидете се да поминувате време и со вашето семејство и со партнерот одделно. Разделете ги празниците, за да можете да поминувате време со сите кои ги сакате.

Кога имате деца, бидете сите заедно
Проблемите со сопругот и семејството можат да бидат особено тешки и непријатни кога имате деца. Но, за свечените пригоди како родендени, обидете се да ги соберете сите заедно и замолете ги да се однесуваат пристојно, за да не се одразат тие проблеми на вашите деца.

Обидете се да не заземате страна
Колку и да ви е тешко, особено кога е очигледно дека едната страна се однесува бесмислено, никогаш не треба да заземете страна и да го одберете вашиот партнер пред семејството или обратно. Покажете им дека ги сакате сите и дека навистина ви е жал што не можат да се сложуваат. Ако одберете да застанете на една страна, тоа ќе ги зголеми негативните чувства кај вашите најблиски и ќе создаде понепријатна ситуација.

Не се обвинувајте себе си
Без разлика колку е непријатна ситуацијата во која се наоѓате, секогаш запомнете дека не можете да ги контролирате чувствата на луѓето и дека настанатата ситуација не е по ваша вина. Тоа се возрасни луѓе кои се способни да носат свои одлуки, врз кои вие не можете или многу малку можете да влијаете.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.