Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Харизматичната Ема Вотсон за „T Magazine“

ФОТО: Харизматичната Ема Вотсон за „T Magazine“

Ема Вотсон ја краси насловната страна на есенското издание за женска мода на „T: The New York Times Style Magazine“.

22-годишната филмска ѕвезда изгледа прекрасно во сериозни ретро комбинации од модни парчиња на брендови како Burberry Prorsum, Ralph Lauren и Bottega Veneta.

Ема Вотсон за „T Magazine“

Во интервју за списанието, успешната актерка признала дека големата слава понекогаш ѝ претставува проблем. „Ако одам на некое попрометно место, нема да издржам долго време. Не можам да одам во музеј, ќе издржам само 10 или 15 минути во музеј. Проблемот е што едно лице ќе ти побара автограм, потоа некој друг ќе здогледа блиц, потоа сите... тоа е како домино ефект. Набрзо потоа ситуацијата излегува од контрола до тој степен што не можам да ја контролирам сама“ – изјавила таа.

Ема Вотсон за „T Magazine“

Ема, која од 9-годишна возраст активно работеше на филмовите „Хари Потер“, објаснила дека досега немала време за да прифаќа други филмски улоги. „На почетокот не го правев тоа бидејќи или учев или снимав, немав време да одам и да снимам други филмови или други нештa со кои ќе им покажев на луѓето дека ох, таа не е само Хермиона, таа е актерка и може да игра други улоги. Немав време за да го правам сето тоа“ – рекла Вотсон.

Ема Вотсон за „T Magazine“

Шармантната актерка освен во филмската, се пробива и во модната индустрија. Таа е ново рекламно лице на Lancôme, а претходно снимаше кампањи за Burberry и дизајнираше неколку колекции за People Tree.

Ема Вотсон за „T Magazine“

Исто така, Ема споделила и драг совет кој го добила од своите родители за давањето интервјуа. „Тие ми го дадоа најдобриот совет што можеа и сметам дека ми дадоа доста добар совет. Мојата мајка конкретно ми рече: Добро, ќе одиш на интервјуа и тие ќе те прашуваат сè што сакаат. Секојпат кога ќе ти постават прашање, размисли дали би ти било пријатно да го дискутираш со непознато лице“ – открила таа.

Ема Вотсон за „T Magazine“

Ема започнува со промовирањето на својот најнов филм „The Perks of Being a Wallflower“. Погледнете го трејлерот:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19463 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.