Емили Ратајковски сподели фотографии од породувањето и првите моменти со синчето Силвестер.
Десет дена откако стана мајка, 29-годишниот модел одлучи да им го покаже на фановите лицето на новороденчето. На три од фотографиите, Емили се породува, а на другите две првпат го држи во прегратка синчето.
„Помеѓу напоните/првите моменти со Слај. Живот“ – напиша таа во описот.
Емили се породи на 8 март и веста ја соопшти со фотографија на која го дои синчето.
Во неделата, таа беше фотографирана на прошетка со сопругот Себастијан.