Кралицата Летиција и кралот Фелипе присуствуваа на церемонијата посветена на „Почесните амбасадори на брендот Шпанија“, иницијатива на Форумот на истакнати шпански брендови.
Претставниците на шпанското кралско семејство со задоволство ги доделија признанијата на свеченоста во Мадрид, на која беа почитувани мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
48-годишната Кралица беше облечена во шармантна комбинација од светлотиркизно здолниште и елегантна блуза со ускладени детали.
Еден ден подоцна, шпанската кралица се појави во црно-сиво деловно издание со асиметрично здолниште.