Пипа Мидлтон и Џејмс Метјус му посакаа добредојде на овој свет на нивното второ дете.
37-годишната сестра на војвотката Кетрин утрово роди девојче кое го доби името Грејс Елизабет Џејн Метјус. Бебенцето тежело речиси 3 килограми.
Извор близок на парот за Hello! изјавил: „Мајката и бебето се одлично. Таа е совршена и сите се пресреќни на вакво среќно пристигнување“.
Минатата недела, Пипа беше фотографирана со малото синче.
Веста за бременоста на Пипа ја објави списанието Page Six во декември минатата година.
Пипа и Џејмс стапија во брак во 2017 година, а во октомври следната година го добија синчето Артур.