Пипа Мидлтон и Џејмс Метјус се заколнаа на вечна љубов. 33-годишната сестра на војвотката Кетрин со широка насмевка влезе во црквата со својот татко, а по венчавката, излезе со среќниот избраник.
Британскиот дизајнер Џајлс Дикон е заслужен за прекрасната венчаница со тантела во која блескаше Пипа.
Мидлтон и 41-годишниот милионер започнаа да се состануваат во 2012 година, но набрзо се разделија. Парот ја обнови својата романса на почетокот од минатата година, а се вери во јули истата година.