Почетна » Новости » Занимливости » Денес е Светскиот ден на хуманитарноста!

Денес е Светскиот ден на хуманитарноста!

Секој ден, во различни региони насекаде низ светот, илјадници хуманитарни работници им носат помош и надеж на милиони лица. Тие си ги ризикуваат сопствените животи за да им помогнат на оние кои најмногу имаат потреба од пријателски подадена рака, храна, вода или лекарска помош.

Хуманитарност

На 19 август секоја година се одбележува Светскиот ден на хуманитарноста. Денот е во чест на сите хуманитарни работници кои ги изгубиле своите животи обидувајќи се да му помогнат на некого и сите оние кои секој ден ги ризикуваат своите животи за хуманитарни цели. Но, исто така, Денот на хуманитарноста има за цел да ја зголеми желбата кај јавноста за потпомагање на хуманитарните активности.

Темата на овогодишните прослави е „I Was Here“, што треба да ги поттикне луѓето да остават свој отпечаток на светот со правење на добро дело, каде било, за кого било.

I was here

„Оваа година Светскиот ден на хуманитарноста е историска можност да се соединат една милијарда луѓе од цел свет за да возвишат моќна и проактивна идеја: Луѓе им помагаат на луѓе. Ова е најдобриот начин да им се оддаде чест на многуте паднати хуманитарни работници за кои жалиме денес и да ги прославиме напорите на другите кои продолжуваат со благородна мисија, помагајќи им на оние кои страдаат“ – Бан Ки-мун.

Не е доцна. Направете едно добро дело денес. Не знаете што и како? Еве неколку идеи:

  • Направете сендвич за бездомник;
  • Посетете повозрасно лице;
  • Одбранете некој послаб кој е напаѓан;
  • Згответе нешто за нова мајка;
  • Утешете некого в болница;
  • Волонтирајте;
  • Подарете нешто што не го користите...

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.